Search

За две недели 235.000 луѓе побегнале од своите домови во Сирија

Повеќе од 235.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови во сирискиот регион Идлиб во текот на изминатите две недели, поради зголемените напади во регионот кој важи за упориште на опозициските сили, соопштија ОН.

ОН предупредуваат дека поради егзодусот од 12 до 25 декември, областа Марат ал Нуман во јужниот дел на Идлиб е речиси целосно празна.

Поради бомбардирањето и борбите на теренот, многу семејства ги напуштиле своите домови иако владините сили негираат дека таргетираат цивилни цели.

Од средината на декември, силите на владата во Дамаск заедно со руските единици извршуваат напади врз преостанатите џихадисти на југот на Идлиб.

Треба да знаете
Последни објави