Search

Домашната помошничка на Боки 13: Во станот доаѓаа Јанева, Шекеринска, Камчев, Кирацовски

Сведокот Драгана Колевска, порано вработена во домот на Бојан Јовановски на денешното рочиште за случајот „Рекет“ изјави дека работела хонорарно кај Боки 13. Таа посочи дека кај Јовановски дома на гости доаѓале Радмила Шекеринска и Катица Јанева. Доаѓал и Орце Камчев, Стефан Богоев и Александар Кирацовски, како и Венко Филипче.

Според сведокот, Зоран Милевски Кичеец бил чест гостин на Боки 13 и се однесувал во станот како дома, а доаѓале и новинари од 1ТВ.

Таа не ги слушала приватните разговори, а пари, освен тие што ги добивала за хонорар, не видела.

– Имаше многу угледни гости. Во домот имаше повеќе слики од една галерија, но не беа платени, туку така оставени зошто доаѓаа повеќе познати личности, па повеќе има можност да се продаде некоја слика, рече сведокот.

Треба да знаете
Последни објави