Search

(Видео) Полицаец извлече бебе од урнатините на авионот во Казахстан

Најмалку 15 лица загинаа во авионската несреќа што се случи денеска во Казахстан.

Во авионот на компанијата „Бек Ер“ имало 93 патници и петмина членови на екипажот. Според официјални податоци, авионот се урнал 19 секунди по полетувањето, на околу пет километри од аеродромот.

Локалните медиуми пренесуваат дека во целата трагедија има и една убава вест, а тоа е дека полицаец успеал да спаси бебе од урнатините на авионот.

Руски медиуми пренесуваат дека состојбата на бебето е непозната, но на видео од местото на инцидентот се гледа полицаецот кој го носи детето кон персоналот за брза помош.

Утре во Казахстан е прогласен ден на жалост.

„Претседателот на Казахстан, Касим Токајев го прогласи 28 декември 2019 година како Национален ден на жалост поради авионската несреќа во близина на Алмати“, објави портпаролот на претседателот на „Фејсбук“.

Треба да знаете
Последни објави