Search

Приведен тетовец кој од прозорец од станот пукал со гасен пиштол

Полицајци ноќеска по полноќ во полициска станица привеле 44-годишник од Тетово кој од прозорец во станот пукал надвор. Тетовецот бил во алкохолизирана состојба.

Како што соопшти денеска СВР Тетово, станува збор за Д.Ј.(44) од Тетово, кој од прозорец на стан на улица „Киро Ристевски-Дрнц” во Тетово, во алкохолизирана состојба, со гасен пиштол пукал во непозната насока.

До интервенцијата дошло по пријава на граѓани.

На Д.Ј. му е одземен пиштолот за вештачење, а тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави