Search

Седум лица загинаа во свлечиште во Бразил

Најмалку седум лица загинаа, а две куќи се урнаа во  свлечиште во градот Ресифе во североисточен Бразил, соопштија локалните пожарникари.

Според бразилските медиуми, меѓу жртвите имало и млада двојка и нивниот двомесечен син, како и баба и деветгодишно девојче.

Пожарникарите спасиле три лица од под урнатините.

Причината за свлечиштето во главниот град на бразилската држава Пернамбуко сè уште не е утврдена.

Треба да знаете
Последни објави