Search

Муслиу е најдобриот во мак-фудбалот според изборот на ФФМ

Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу е избран за најдобар во сезоната 2018/19 година. Тој го понесе најблескавото признание на вечерашната свеченот за избор на најдобрите во мак-фудбалот што традиционално ја организира Фудбалската федерација на Македнија, а се одржа во Македонскиот народен театар.

Муслиу признанието го доби за своите настапи во дресот на Шкендија, со која стигна до шампионската титула, по што во летниот преоден рок замина на печалба во унгарскиот прволигаш МОЛ Фехервар.

Признанието на Муслиу му го врачи Благоја Милевски, селекторот на репрезентацијата до 21 година, со која овој играч во 2017 година оставри историски настап на завршница од ЕП за оваа возрасна категорија.

-Благодарност до моите соиграчи и тренери, до стратегот Ќатип Османи под чие раководство стигнавме до титулата со Шкендија. Горд сум на оваа награда и ќе ми биде мотив повеќе за во иднина. Искрено се надевам на пласман на сениорското ЕП 2020 со македонската репрезентација. Сега е наше време – порача Муслиу пред присутните на свеченоста во МНТ.

ФФМ додели признанија во различни категории за сите оние кои поединечно и екипно ја одбележаа минатата сезона.

Најдобар стрелец во женски фудбал: Ели Јаковска (ЖФК Истатов)

Најдобар фудбалер во женски фудбал: Ленче Андреевска (ЖФК Драгон)

Најдобар тренер во женски фудбал: Илија Мандаров (ЖФК Драгон)

Најдобар фудбалер во младински фудбал: Џемаил Ибиши (Вардар)

Најдобар стрелец во младински фудбал: Флорент Рамадани (Шкендија)

Најдобар клуб во младински фудбал: ФК Шкендија

Најдобар тренер во младински фудбал: Филип Деспотовски (ФК Вардар)

Најдобар играч во футсал: Талант Исмаили (КМФ Шкупи)

Најдобар тренер во футсал: Зоран Лекиќ

Признанија за исклучителен придонес за развојот на мак-фудбалот: Алтрим Чура (Струга Трим Лум), Кочо Анѓушев (Борец)

Најдобар судија во мак-фудбалот: Марјан Гоцевски

Фер-плеј екипа: Академија Пандев

Најдобар стрелец во ПМФЛ за сезона 2018/19: Влатко Стојановски (Ренова)

Најдобар фудбалер во ПМФЛ: Висар Муслиу

Најдобар македонски претставник во странство: Ељиф Елмас (Наполи)

Награда за афрмација на мак-фудбалот: Стефан Ристовски (Спортинг)

Најдобар тренер во ПМФЛ: Југослав Тренчовски (Ак. Пандев)

Награда за посебен придонес за афирмација на македонскиот фудбал: Ива Пројковска

Награда за посебен придонес за афирмација на македонскиот фудбал: ФК Дарданет

Награда за посебен придонес за афирмација на македонскиот фудбал: Љупчо Перински

Награда за репрезентацијата до 19 години за пласман во елитните квалификации за ЕП

Награда за животно дело:  Атанас Костовски (коментатор)
Награда за постхумно  дело: Слободан Вујчиќ – Брацо

Треба да знаете
Последни објави