Search

Жоао Феликс: Кога потпишав за Атлетико си помислив, леле чинам 126 милиони

Младиот португалски фудбалер Жоао Феликс кој летоска од Бенфика прејде во Атлетико Мадрид за 126 милиони евра, рече дека не бил ни свесен што му се случува кога потпишал за „јорганџиите”.

Феликс следниот месец полни 20 години, стана третиот најскап фудбалер во историјата, но има проблем со константноста, што можеше и да се очекува.

„Кога потшишав си помислив: Леле чинам 126 милиони. Но, нема да дозволам тоа да ме турне на земја. Ако работам како што бара тренерот Симеоне, постојано ќе напредувам” – изјави Феликс кој има дадено четири гола на 18 меча, а лани за Бенфика имаше 20 реализации на 43 меча.

Треба да знаете
Последни објави