Search

Директорката на МНТ заработи казна за прославата на „Шверцерите“ без писмен документ во театарот

На денешната седница Владата на РС Македонија ја прифати информацијата за организираната прослава по повод јубилеј на навивачката група „Шверцери“ во Македонскиот народен театар на 23 ноември и одлучи да ја казни директорката со намалена плата за 15 одсто во наредните три месеци. Казната и се изрекува затоа што направила пропуст и дозволила користење на МНТ без писмен договор, се вели во соопштението на Владата.

Покрај тоа Владата го задолжи Министерството за култура во соодветна постапка да ѝ наложи на директорката на МНТ од организаторите на настанот да побара надомест на штетата направена за време на настанот. Овој настан предизвика бурни реакции во јавноста поради скандалозното однесување на навивачката група.

Треба да знаете
Последни објави