Search

Трајковски претпан, наместо на судењето за ТНТ, завршил во болница

Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски обвинет во случајот ТНТ, утринава не се појави на судското рочиште, бидејќи, како што посочи неговиот адвокат, синоќа бил претепан и се наоѓа во болница, објави Фокус.

Адвокатот дополни дека утринава во 6.30 часот бил да го посети, и од врата видел дека има хематом на главата и видливи повреди.

Судијата Огнен Ставрев, пак, рече дека се јавил на докторот во Ургентно, кој му кажал дека Трајковски е во добра состојба и е на пат кон дома. Затоа, како што рече тој, Трајковски има рок од еден час да дојде во судот или ќе виде стражарно приведен.

Овој случај за рушењето на Космос во изминатиот период се одвива со забрзано темпо, бидејќи доколку до утре не се донесе пресуда, случајот ќе се врати од почеток, поради завршување на мандатот на една од поротничките.

На минатото рочиште, обвинетиот Миле Јанакиески даваше одбрана, а денеска требаше да продолжи. По него одбрана треба да дадат и останатите шестмина обвинет, а потоа ќе следуваат завршни зборови, поради што е речиси невозможно да се стигне рокот.

Доколку судењето стартува од почеток, тоа ќе значи дека две години паднале во вода.

 

Треба да знаете
Последни објави