Search

Момче од Албанија  со остар предмет повредило татко и син од Росоманско

Момче од Албанија со остар предмет повредило татко и син од Росоманско, при физичка пресметка синоќа во Росоман,  за МИА потврдија од МВР.

– Синоќа во 21.20 часот во СВР Велес било пријавено дека  во Росоман, пред угостителски објект, по кратка вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу средовечен жител на росоманското село Рибарци и неговиот 26 годишен син, од една страна и Б.К. (22) и неговиот татко П.К., двајцата од Албанија, од друга страна, појаснија од МВР.

Притоа, Б.К. со остар предмет ги повредил таткото и синот од Рибарци. По настанот,  повредените биле пренесени во болницата во Кавадарци. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави