Search

Дете загина во сообраќајна несреќа на патот Куманово-Романовце

Дете загина во соораќајна несреќа што се случи попладнево околу 14:15 часот на локалниот пат Куманово-Романовце, потврдија од општа болница Куманово.

– Детето беше донесено без знаци на живот, лекарите се обидоа да го реанимираат, но безуспешно, велат од кумановската болница.

Во сообраќајната несреќа била повредена уште една патничка со полесни повреди, информираат од болницата.

Од МВР потврдија дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила, а детали најавија откако ќе заврши увидот.

Треба да знаете
Последни објави