Search

При полициска акција се приведени неколку дилери на дрога

– Полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода Д.Г.(33) од с.Таор и С.Д.(19) од Скопје, затоа што при претрес во нивните домови во село Таор и населбата Драчево, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Д.Ј.(40) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

На 1 април годинава при преглед на патничко возило, полициски службеници кај пријавениот пронашле и одзеле опојна дрога хероин.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Р.(36) од село Балиндол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

На 9-ти овој месец на регионалниот пат во село Сушица, полициски службеници при извршен преглед кај него пронашле и одзеле марихуана

Треба да знаете
Последни објави