Search

Кинезите во Србија најдоа наоѓалиште на злато, сребо и бакар вредно 30 милијарди долари

Кинеската компанија Зиџин Мајнинг, стратешки партнер на РТБ Бор, во соработка со Институтот за рударство и металургија од Бор, почна со подготовка на главниот проект за експлоатација на подземниот рудник Борска река.

Според нивните проценки, овој локалитет во себе крие резерви од скоро четири милиони тони бакар, 130 тони злато и повеќе од 1.000 тони сребро, чија вредност се проценува на повеќе од 30 милијарди долари, пишуваат „Новости“.

Во ова лежиште истражени се и утврдени геолошки резерви од скоро 320 милиони тони руда, што гарантира најмалку половина век експлоатација. Сепак, се претпоставува дека Борска река во себе опфаќа повеќе од една милијарда тони руда, со просечна содржина од еден процент бакар, што е скоро три пати повеќе количински отколку во рудниците РТБ кои моментално се користат.

Инаку, за активирање на Борска река треба да се инвестираат најмалку 150 милиони евра , а досега рудникот е истражен на длабочина од 450 метри. Се претпоставува дека ова лежиште се шири со зголемување на длабочината, како и дека се зголемува содржината на бакар и скапоцени метали.

Треба да знаете
Последни објави