Search

ВМРО-ДПМНЕ: Крајот на СДСМ се ближи, уште само 13 дена Заев е премиер и никогаш повеќе

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на говорот на Христијан Мицкоски

„Крајот на СДСМ се ближи. Уште само 13 дена Заев е премиер и никогаш повеќе!

Конечниот крај на оваа криминална власт, значи победа на народот која што доаѓа за помалку од три ипол месеци. СДСМ направи за три години штета како за триста години. Одговорот на оваа штета следи на 12-ти април.

Фантазијата СДСМ што ја плати со парите на граѓаните нема да ја сокрие суровата реалност во која што живееме. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ по победата на 12-ти април на голема врата ќе донесе правда, принципи, промена и обнова на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ќе служи верно на македонскиот народ. По 12-ти април Македонија ќе го враќа ударот кон сите кои удираа по Македонија.“

Треба да знаете
Последни објави