Search

Јанакиески на сведочењето за ТНТ: Азмоски на Боки 13 му даде не 250 туку 750.000 евра за да не биде обвинет од СЈО

Јас и на минатото рочиште побарав Фијат Цаноски и син му да бидат сведоци во оваа постапка. Тој ја знае правата вистина, не само за рушењето на „Космос“, туку се од почеток до крај, рече поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиевски во сведочењето за „ТНТ“, објави Слободен печат.

Фијат Цаноски имал многу блиска комуникација со Никола Груевски. Колку се сеќавам, со Фијат и Сефер Цаноски е од 2006 година, а со Ардијам Азмоски сум се видел само во една прилика. Сефер и Фијат Цаноски беа поддржувачи на политиката на ВМРО-ДПМНЕ. Сефер Цаноски беше и на мојата свадба. Последен пат со Сефер се видовме во училиштето каде ни учат децата. Нивниот стил на функционирање е да се приклучат на владејачката гарнитура. Еднаш тоа го правеа со ВМРО, сега со СДСМ. Тие сакаат да имаат блиски релации со јавни личности. Јас најмногу навреден од нив бев кога рекоа дека јас сум сакал да го рушам „Космос“ поради мои бизнис интереси. Миле Јанакиески е омилен лик на СЈО, ОЈО, на Финансиската полиција… Не сум сакал никогаш да го урнам „Космос“, иако тој објект е дивоградба, тврдам и сега, рече Јанакиески.
Тој рече дека Адријан Амзоски, партнерот на Фијат Цаноски, на Боки 13 му дал не 250.000 туку 750.000 евра за да го извади Катица Јанева од обвинение на СЈО. Тој најави дека планира за сведок да ја повика и Катица Јанева.

 

-Јанева со една реченица повлече обвинителен акт. Што е тоа, ако не е од лукративни причини. И јас не ја знам вистината, а сакам да ја знам. Сакаме да го прашаме и за кривичните постапки против Фијат Цаноски, кој со законските измени станаа прекршочни пријави. Убаво е да признае Фијат Цаноски дека некој му рекол гради, јас ќе ти го легализирам објектот. Никогаш Миле не направил штета на неговата фамилија. Сакам да каже кој што му ветувал. Јас и жена ми 8 години сме биле прислушкувани 24 часа , нагласи Јанакиески.

Треба да знаете
Последни објави