Search

Се преврте опел кај Кичево, тројца тешко повредени

На 18.12.2019 во 20.20 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на с.Врбјани, патничко возило „опел синтра“, со струшки регистарски ознаки, управувано од А.С.(24) од Струга, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници Е.З.(53) и А.З.(29), двајцата од Струга, а со телесни повреди се здобила А.С., по што биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ – Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

Треба да знаете
Последни објави