Search

На Табановце фатен Грк во шверц на часовник вреден 35.000 евра

Цариниците спречиле шверц на луксузен часовник со вредност од околу 35  илјади евра, на граничниот премин Богородица, информираше Царинската управа.

Шверцерот,  грчки државјани  бил откриен при влез во државата со патничко моторно возило со бугарски  регистарски ознаки. На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, патникот не пријавил ништо, но по извршена  контрола, под возачкото седиште од задната страна, во црна кеса во оригинална кутија пронајден е часовник и  фактура за часовникот на име на швајцарски државјанин.

Станува збор за часовник марка Audemars Piguet Royal Oak Offshoreсо вредност од 2.200.000 денари и избегнати царински давачки 525.800 денари.

Против сторителот е поднесена соодветна кривична пријава за избегнати царински давачки, а часовникот  е привремено одземен.

 

Треба да знаете
Последни објави