Search

Шарлиз Терон зборува за ноќта кога мајка ѝ го убила татко ѝ

Шарлиз Терон изјави дека не се срами да зборува за моментот кога мајка ѝ го убила татко ѝ во самоодбрана.

Актерката имала 15 години кога нејзиниот татко алкохоличар пукал низ врата на собата каде што таа се криела со мајка ѝ.

„Ниту еден куршум не не погоди, што навистина е чудо. Но во самоодбрана, таа стави крај на заканата,“ Терон изјави за NPR. „Колку повеќе зборуваме за ваквите работи, толку повеќе сфаќаме дека не сме сами во сето тоа,“ додаде таа.

Шарлиз пораснала на фарма во близина на Јоханесбург во Јужна Африка со нејзината мајка Герда и таткото Чарлс.

Шарлиз својот татко го опиша како „многу болен човек“ и рече дека животот со алкохоличар е „прилично безнадежна ситуација“.

„Секојдневната непредвидливост на животот со зависник е нешто со кое седите и е вградено во вашето тело до крајот на животот, многу повеќе од само еден настан, повеќе од она што се случило една вечер “, рече таа.

Говорејќи конкретно за кобната ноќ, Шарлиз рече дека татко и бил толку пијан што не можел да оди кога влегол дома со пиштол во раката.

„Јас и мајка ми бевме во спална потпрени на вратата, бидејќи тој се обидуваше да ја бутне вратата. Потоа се врати еен чекор назад и пукаше три пати. За среќа ниту еден од куршумите не не погоди. И потоа во самоодбрана, таа стави крај на заканата.“

Шарлиз вели дека насилството што го преживеала во нејзиното семејство е нешто што таа го споделува со многу луѓе.

„Не се срамам да зборувам за тоа, затоа што мислам дека колку повеќе зборуваме за овие работи, толку повеќе сфаќаме дека не сме сами во ниту едно од нив.“

„За мене, оваа е приказна за растење со зависници и последиците од тоа.“

Предмет на сексуално вознемирување е она со кое таа, односно жената која ја потретира, се справува во нејзиниот најнов филм Bombshell – во кој таа игра ТВ презентер (Мегин Кели).

Филмот е всушност приказна за три жени кои работеле во американскиот „Фокс Њуз“ и кои јавно го впериле прстот кон тогашниот извршен директор и претседател Роџер Ејлс и го обвиниле за сексуално вознемирување.
Шерон рече дека филмот ја истражува „сивата област на сексуално вознемирување“ и е нешто што таа веќе го има поминато.

„Тоа не е секогаш физички напад. Не е секогаш силување“,  вели таа. „Постои психолошка штета која им се случува на жените во секојдневниот јазик, допир или закана за губење на вашето работно место. Ова се работи кои дефинитвно сум ги доживеала.“

Треба да знаете
Последни објави