Search

Цакај: Ја зголемуваме подршката за Албанците во регионот

Албанија останува целосно посветена на издигнување на позицијата на Албанците во регионот и продолжување на конструктивнот ангажман во согласност со принципите на регионална соработка и добрососедските односи.

Ова на својот профил на Фејсбук го напиша овластениот албански министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, по средбата со политичките претставници на Албанците од Црна Гора.

Тој уште наведува кои олеснителни мерки ги превзела Владата на премерот Еди Рама за Албанците од Црна Гора.

-Донесовме одлука да ги укинеме работните дозволи за Албанците од Црна Гора во Албанија, да го финансираме Националниот совет на Албанците во Црна Гора и да отвориме генерален конзулат во Улцињ,напиша Цакај.

Додава дека овие мерки се во согласност со генералната стратегија за зајакнување на односите помеѓу албанската држава и албанскиот политички фактор во Црна Гора.

-Овие мерки, не се доволни во споредба со реалните потреби на тамошните Албанци. Нашата заложба, ќе продолжи за зајакнување на врските меѓу албанскиот фактор во Црна Гора и Албанија,напиша Цакај.

На средбата детално се разговарало за формите на конкретна соработка во интерес на зајакнување на албанскиот фактор.

Оваа средба, наведува Цакај, треба да послужи како почетна точка за целосно обединување на албански политички претставници во Црна Гора,во служба на нивните интереси од витално знаење.

Треба да знаете
Последни објави