Search

Ременски: Која е улогата на поранешниот директор на УБК Николовски во пријавувањето на Рекет од Камчеви

Пратениката од СДСМ, Фросина Ременски по исказот во Обвинителството за организиран криминал, рече дека јавноста треба да се позанимава со дејствијата на поранешниот директор на УБК Горан Николовски, и дали и што тој превземал нешто по службена должност околу пријавувањето на дејствијата од страна на фамилијата Камчеви.

-Која е улогата на поранешниот директор на УБК Горан Николовски во делот на пријавувањето на дејствијата од семејството Камчеви? Што превземал како службени дејствија? Дали ако нешто превзел, ќе си дозволеа министрите и премиерот да даваат на телевизијата видео честитки?, рече Ременски.

Очекував, истакна Ременски, овие сериозни прашања да бидат повеќе истражени од медиумите и на јавноста да и биде поподатливо за што се работи.

-Кога професор по безбедност ќе стане таргет на параполициски структури, кога ќе стане таргет во една разузнавачко и параполициска ситуација и кога ќе се најде во ваков апсурд пред надлежните институции да се правда за нешто дали сторил или не, додека на сите останати  на кои професорката им го открила криминалот ќе се трудат тој воопшто да не биде дознаен во јавноста, рече Ременски.

Таа претходно изјави дека во обвинителството дала исказ за случајот „Меѓународен Сојуз“ и сметае дека врз основа и на исказите и врз основа на прибраните докази, Јавното обвинителство ќе ја запре постапката кон неа.

Треба да знаете
Последни објави