Search

Манчестер јунајтед му ги расипува есапите на Интер за Кулушевски

Манчестер јунајтед  ќе му биде сериозен конкурент на италјанскиот Интер во трката за потписот на Дејан Кулушевски во зимскиот преоден рок за фудбалери. Младиот 19-годишен сениорски шведски репрезентативец со македонско потекло кој настапува во италјанската Серија А во редовите на Парма како одстапен играч од Аталанта со своите настапи и голови се повеќе го привлекува вниманието на поголемите европски екипи.

Интер од поодамна ги искажа своите желби, а за да го реализира овој трансфер и е на линија со Аталанта, чиј играч е Кулушевски. Но, проблем ќе им биде тоа што тој е позајмен во Парма до крајот на сезоната, па за тоа да се случи во јануари мора да се согласат сите три страни и играчот. Интер највија дека се подготвен да плати 40 милиони евра, или да направат транма.

За несудениот македонски репрезентативец, кој настапи за младинските репрезентации до 16 години, па птооа се предомисли и го одбра дресот на Шведска,  според „Газета дело Спорт“, Интер е подготвен да го даде левиот бек Федерико Димарко на Парма, а Аталанта пак, ќе дозволи трансфер на Муса Бароу, за да се задоволат сите страни.

Треба да знаете
Последни објави