Search

Димковски ја посети „НИКСИ” Куманово, корисник на финансиска помош од ИПАРД 2 програмата

– Со финансиска подршка од ИПАРД програмата, „НИКСИ” доби околу 40.000 евра, пари наменети за набавка на опрема, т.е за набавка на современа машина за автоматско сечење на салами, со што производствениот процес е унапреден, олеснет и побезбеден. Оваа компанија остварува производство со капацитет од 1500 килограми на дневно ниво и при тоа за своите месни преработки, користи свежо месо од домашни добавувачи, а само 10 отсто од увоз. Ваквите инвестициите во преработувачките капацитети се од големо значење, не само за модернизирање на земјоделството, туку и за развојот на вкупната економија на Република Северна Македонија.

Ова денеска го изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, кој ја посети компанијата „НИКСИ” од Куманово, која е уште една успешна приказна на домашни компании корисници на финансиска помош од ИПАРД програмата.

Како што соопшти МЗШВ, „НИКСИ” е сместена во современ објект чија изградба и опрема се целосно во согласност со националните и ЕУ стандардите за безбедност на храна и квалитет на производите и претставува уште еден доказ дека земјава има институционален капацитет и знаење за реализација на големи проекти.

Минисерот Димковски, како што се наведува, посочи дека Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство досега неколку пати се пофалени од претставниците на Европската Делегација дека сме држава со најголема искористеност на средставта од ИПАРД 2 програмата и оти во споредба со земјите од регионот на Југоисточна Европа, Република Северна Македонија е најдобриот корисник на ИПАРД 2.

– Резултатите од користењето на овие средства се видливи кај нас. Земјоделците и прехранбената индустрија кои поднеле барања, веќе ги користат овие пари за инвестиции. Таков е и примерот со „НИКСИ”. Парите од овие фондови се искористуваат и им помагаат на земјоделците и фирмите од прехранбената индустрија, да го зголемуваат своето производство, да го изразат својот потенцијал и да се развиваат согласно европските стандарди, изјави Димковски.

Според него, ваквите решителни бизнис чекори на една домашна компанија, се охрабрувачка и мотивирачка успешна приказна. „НИКСИ” е вреден пример што заслужува да се следи и да послужи како мотив за охрабрување за други бизнис иницијативи, а МЗШВ ќе продолжи да креира мерки и политики за сеопфатен развој на секторот земјоделство

Треба да знаете
Последни објави