Search

Повредата на Дончиќ не е сериозна, но ќе мора да мирува

Повредата на словенечкиот кошаркарски интернационалец во најсилната НБА-лига, Лука Дончиќ кој го свитка зглобот на почетокот од натпреварот против Мајами Хит, не е сериозна, но сепак ќе треба одреден период да мирува. По првите информации за здравствениот билтен на Дончиќ, кој важи за еден од најдобрите кошаракри во НБА, иако игра само втора сезона и има 20 години, во неговиот тим Далас можат да здивнат пренесува „ЕСПН“.

Рентген снимките биле негативни, но сепак Дончиќ ќе мора да мирување. Не е познато колку Дончиќ ќе биде надвор од теренот, но сигурно е дека нема да го игра дуелот против Милвоки Бакс.

Дончиќ до повредата имаше просек од 30 поени, 10 скока и девет асистенции по меч и беше на второто место во трка за МВП, веднаш зад Јанис Антетокумпо.

Треба да знаете
Последни објави