Низата зимски бури што ја зафатија Калифорнија предизвикаа плажата северно од Сан Франциско да биде преплавена со необични суштества. Тие многу личат на машкиот полов орган и затоа добиле прекар пенис-риби.
Според списанието Bay Nature, овие суштества се всушност морски црви. Најмногу се наоѓаат под песокот и далеку од плажите, но неодамнешните бури ги извадија на површина.
Како што се гледа на фотографиите, изложени на плажа, пенис-рибите се лесен плен за птиците.
Инаку, овие суштества се деликатес во Јужна Кореја.