Двајца вработени во германската амбасада во Москва се прогласени за персона нон грата и ќе мораат да ја напуштат Русија во следните седум дена, објави Раша тудеј.
Како што соопшти руското министерство за надворешни работи, одлуката е донесена на основа на реципроцитет, односно, по сличен чекор на официјален Берлин, кога протера двајца руски дипломати, осомничени дека учествувале во убиство на грузиски државјанин во главниот град на Германија.