Search

За настраданите во земјотресот во Албанија собрани над 9,3 милиони денари

Заклучно до 12 декември се собрани 9.301.612 денари за настраданите во земјотресот во Албанија, што се случи минатиот месец, соопштија од Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Средствата се собрани со донирање преку телефонските броеви за донации од Македонски Телеком 143 400 и од А1 Македонија 143 400 и во сметката на фондот за солидарност 300000001327966, истакнуваат од Црвениот крст и им се заблагодаруваат на сите граѓани, компании и институции во државата за несебичната помош и поддршка за настраданите во земјотресот.

Заинтересирани лица и компании, како што се посочува, може и понатаму да донираат преку жиро сметката на фондот за солидарност 300000001327966, а граѓаните од други земји може да донираат во Црвениот крст преку Комерцијална банка АД Скопје, ул. „Орце Николов” бр.3, на сметка 300000000000133 25730522-11, Swift code: KOBSMK2X и Iban code: MK07300701000001228.

Треба да знаете
Последни објави