Search

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е СДСМ да зборува дека води грижа за стечајните работници

Срамно е СДСМ да зборува дека води грижа и го решава проблемот со стечајните работници.

Срамно е СДСМ да се фали дека со измените на Закон за стечајци ќе добијат месечен надоместок, бидејќи стечајните работници се појавија како резултат на претходните влади на СДСМ.

Сумата со која СДСМ се фали дека ја обезбедува за нив е мизерна и не може да обезбеди елементарна егзистенција.

Но, доаѓа крајот на сите овие погубни политики на СДСМ.

По 12 Април следува обновата на Македонија, која ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ќе воспостави целосна грижа за сите граѓани во Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави