Search

Почина уште еден член од семејството  Лала, бројот на жртвите од земјотресот се искачи на 52

Бројот на жртвите во катастрофалниот земјотрес во Албанија се искачи на 52 лица, јави дописничката на МИА. Станува збор за Фиќерете Лала (64), член на семејството Лала, со што бројката на загинати од ова семејство се искачи на девет.
Според Ора њуз Фиќерете преживеала инфаркт по трагедијата на семејството по што била хоспитализирана во Воената болница во Тирана.
Семејството Лала живееше во Туман, кај Драч, едно од најпогодените места од земјотресот, во повеќекатна куќа која целосно се урна.
Од под урнатините беа извадени безживотните тела на осум нејзини членови. Сахадета (79), нејзиниот парализиран син Илир(51), снаата од другиот син Мариета и нејзините четири деца на возраст од две до 10 години, и внуката Гриселда (22). Фикрете е снаа на Сахадете од повозрасниот син.
Единствен преживеан од ова семејство е 17 годишниот Рам Лала, кого спасувачките екипи од под урнатините го извлекоа по 14 часа од разурнувачкиот потрес.
Тој и уште две семејства од Туман, кои изгубија свои блиски добија нови живеалишта од социјалните станови во населбата „Шкозен” во Тирана, каде бесплатно ќе добиваат храна, а ќе имаат на располагање и лекар.

Треба да знаете
Последни објави