Search

Мотивот за нападот во Хаг не е тероризам, тврди холандската полиција

Холандската полиција денеска соопшти дека нема докази дека уапсениот маж, кој во петокот со нож повреди три деца во Хаг, имал терористички мотив.

– Прелиминарно нема индиции кои би укажале на терористички мотив. А, што било мотивот, се уште се испитува, се наведува во соопштението од полицијата.

Две 15-годишни девојчиња и едно 13-годишно момче во петокот беа полесно повредени откако беа нападнати на улица.

Полицијата наведе дека е испитан 35-годишниот осомничен, кој вчера беше уапсен во во прифатилиште за бездомници.

Треба да знаете
Последни објави