Search

Златко Марин: Аеродром не памти ваков вандализам

Вандализмот во нашата општина, за жал, продолжува. Синоќа неодговорни граѓани го уништија детското игралиште во близина на крстот, а ја оштетија и новопоставената елка, како и повеќето новогодишни украси на неколку локации.
Во изминатиот период беа уништени и неколку детски и спортски игралишта, како и урбана опрема, а беа запалени и повеќе контејнери. Аеродром не памети ваков вандализам.
Сите случаи се пријавени во полиција, а сторителите што ќе бидат фатени ќе одговараат за предизвиканата штета.
Апелираме до граѓаните да се однесуваат одговорно и да не ја уништуваат поставената урбана опрема, бидејќи со нејзиното уништување, го оштетуваат буџетот и го нагрдуваат изгледот на Општината.
Аеродром е дом на сите граѓани. Да го чуваме и негуваме!


Статус на Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин

Треба да знаете
Последни објави