Search

Чешка бара од ЕУ средства за модернизација на економијата на климатски неутрална

Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска предупреди дека неговата земја нема да може без нови нуклеарни електрани и вонредни дотации од ЕУ со цел да ја модернизира економијата на климатски неутрална до 2050 година.

Тој потенцираше дека поради тоа Чешка сега на самитите нема да се обврза на таа цел, како што планира Европската Унија.

– Владата има јасен план како да ги намали емисиите на гасови. Му пишав писмо на (Емануел) Макрон и претседателката на Европската комисија (Урсула фон дер Лајен), во кое јасно им велам: И ние се бориме против климатските промени, но потребна ни е нуклеарна енергија. Европа мора да ни овозможи да изградиме нуклеарни блокови. Имаме јасен план како ќе ги изградиме. За нас, клуч е нуклеарната енергија”, појасни Бабиш.

Треба да знаете
Последни објави