Search

Песков: Претседателот Путин работи како печка која не може да се исклучи

Рускиот претседател Владимир Путин толку многу работи што е како печка која се користи за топење метал, изјави денеска неговиот портпарол.

„Претседателот работи како висока печка која е невозможно да згасне, тој работи постојано“, рече Дмитриј Песков, а пренесе агенцијата „Интерфакс“.

Путин (67) веќе 20 години е премиер или претседател на Руската Федерација.

„Путин буквално нема слободен викенд“, вели Песков.

„И кога може да си дозволи слободен ден, тој е на работа“, додаде портпаролот.

Треба да знаете
Последни објави