Search

Марш за чист воздух во Скопје

Во центарот на Скопје вечерва се одржува протестен Марш за чист воздух #ЗеленаРеволуција, преку кој се бара ефикасност од надлежните институции во борбата со загадувањето на воздухот.

Организатори се граѓански активисти од Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Ново Село, Струга, Охрид и други градови и населени места. Имаат, како што изјавија на почетокот на маршот што почна пред зградата на Министерството за животна средина и просторно планирање,  250 барања во однос на екологијата до сите надлежни институции со конкретни рокови.

Еколошките активистите  очекуваат вечерва да се покаже заедништво, како што нагласија, за подобра иднина на нашите деца.

Како дел од 12. жешки еколошки точки, го потенцираа проблемот со хемискиот отпад во фабриката Охис, што, според нив, е еден вид атомска бомба на само четири километри од Скопје. Кон тоа премногу сериозно прашање, укажаа, сите влади досега се однесуваат ноншалнтно.

Маршот на граѓанските организации почна пред Министерството за животна средина и просторно планирање и според најавите треба да заврши пред Владата.

Треба да знаете
Последни објави