Search

Сопственикот на Дурмотурс пуштен во домашен притвор

Дурмиш Белули, првообвинетиот во судењето за трагедијата кај Ласкарци и сопственик на Дурмотурс, е пуштен на домашен притвор со гаранција. Истата мерка ја добил и четвртообвинетиот Игор Ѓоргиовски, вработен во станицата за технички преглед. Мерката најверојатно е изречена минатата недела, кога Апелацискиот суд го потврдил позитивното мислење кое претходно го дал Кривичниот суд на барањето за домашен притвор. Одредена му е мерка на претпазливост, одземен му е пасошот, треба да се јавува редовно во суд, има забрана за приближување и контакт со оштетените и обвинетите, има забрана за преземање на работни активности и забрана за користење на сертификат од областа на транспортот.

 

Треба да знаете
Последни објави