Search

Скопјанец на Фејсбук ставал навредливи постови по земјотресот во Драч

Скопјанец на Фејсбук постирал навредливи коментари по земјотресот во Албанија, па добил кривична пријава, информираше МВР.

-Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Д.(46) од Скопје. Тој е осомничен за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, казниво по член 394-г од Кривичниот законик, велат од МВР.

Осомничениот на 26.11.2019 на социјалната мрежа Фејсбук објавил статус, со кој го сторил делото.

Треба да знаете
Последни објави