Search

Три милиони денари од Град Скопје за настраданите во Албанија

Советот на Град Скопје на денешната редовна седница едногласно донесе одлука за доделување на финансиска помош во вредност од три милиони денари за настраданите од земјотресот во Албанија. Градоначалникот Петре Шилегов посочи дека пожарникарите и екипите со термални дронови сеуште се во Драч, каде помагаат во пронаоѓањето на цивили и расчистувањето на штетите од земјотресот.

Треба да знаете
Последни објави