Search

Сопствениците делумно ги подигнаа хаварисаните возила, следува полициска интервенција

По минатонеделното известување на СВР Тетово до граѓаните кои оставиле хаварисани возила на јавни сообраќајни површини, се бележат седум случаи во Тетово и пет во Гостивар во кои сопствениците самите ги подигнале од местата на кои биле оставени.

Од полицијата информираат дека другите возила во текот на неделава ќе бидат подигнати и транспортирани од општинските „пајак-служби” на наменски определени локации.

– Според претходно извршената контрола од полициски службеници на СВР Тетово вкупниот број на хаварисани возила во Тетово се 17 возила и уште на најмалку толку ќе се постават писмени известувања. Во Гостивар бројката изнесува околу триесетина, од кои 14 биле обележани, а преостанатите ќе се обележат овие два дена, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Целта е сите хаварисани возила да се отстранат од сообраќајните површини и да се обезбеди непречено и безбедно движење на пешаците и другите учесници во сообраќајот, потенцираат од тетовската полиција.

Треба да знаете
Последни објави