Search

Гори возило во близина на патарината кај Градско

Околу 14 часот во МВР е пријавено дека на автопатот кон Градско, во близина кон патарината е запалено возило во движење. Возилото е со бугарски регистарски ознаки.

На самото место на несреќата има присуство на полиција, но се чека екипа за увид, по што ќе се дознаат повеќе детали во врска со несреќата, информираат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави