Search

Украдени два сефа од обложувалница во Скопје

Вчера во 9.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека две лица извршиле кражба во обложувалница на ул.„Ѓорче Петров“. Според пријавеното, сторителите со употреба на сила и подесен алат влегле во обложувалницата и одзеле два сефа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Треба да знаете
Последни објави