Search

Силен земјотрес го стресе Скопје, епицентарот во Албанија

Силен земјотрес ги разбуди ноќеска скопјани, а според првичните информации земјотресот е со јачина од 6,3 степени по Рихтер со епицентар во Јадранското Море во близина на Драч.

Земјотрес од 3,4 степени имало пред неколку часа во Албанија, каде имало повеќе послаби земјотреси во изминатиов час.

Поширокото подрачје на Драч, каде што беше епицентарот на земјотресот со магнитуда од 6,4 степени според Рихтер, е без струја, а жителите се надвор од своите домови.

Земјотресот е почувствуван и во Македонија, Црна Гора и Грција. Неколку минути по главниот потрес е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 5,3 степени.

Треба да знаете
Последни објави