Search

Пријава за директор, не им дал отказ на професори иако не доаѓале на работа

Полицијата поднесе пријава против директор на училиште во Кичево, кој не им дал откази на двајца професори иако тие не доаѓале на работа. Ккао што информира МВР, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.Б.(42) од Кичево поради „злоупотреба на службена положба и овластување“.

„Тој, во текот на 2017 и 2018 година, како директор на општинското средно училиште ‘Дрита’ во Кичево , на професорите Г.Ф. и Д.Ј. не им ги откажал договорите за вработување без отказен рок, поради кршење на работниот ред и дисциплината со неоправдано отсуство од работа подолго од три последователни работни дена. Со тоа, пријавениот, на професорите им овозможил стекнување со противправна имотна корист“, информира МВР.

Треба да знаете
Последни објави