Search

Општина Чаир ќе додели 12.000 евра помош за Албанија

Општина Чаир ќе додели 12.000 евра помош за погодените од земјотресот што утринава ја погоди Албанија. Ваквата одлука била донесена едногласно на вонредна седница на Општината.

„На вонредната седница на Советот на Општина Чаир, која ја свика градоначалникот Висар Ганиу за дефинирање на институционална помош за местата погодени од силниот земјотрес во Република Албанија, од страна на сите присутни советници едногласно се усвои оваа одлука општината да додели 720.000 денари или 12.000 евра финансиска помош за Република Албанија, односно за регионот погоден од земјотресот“, соопштија од Општината.

Од таму информираат дека освен финансиска помош, во Oпштината ќе се собираат и потребни материјали кои во текот на денот ќе бидат испратени во градот Драч и неговата околина, како што се: ќебиња, медикаменти, прехрамбени пакети, млеко за деца, хигиенски средства, опрема и средства за отстранување на урнатини и друго.

Треба да знаете
Последни објави