Search

Ибрахимовиќ најавува враќање во Шведска

Златан Ибрахимовиќ на својот инстаграм-профил најверојатно го обелодени следниот чекор во својата фудбалска кариера. Најавата е изненадувачка за фудбалската јавност, бидејќи Швеѓанецот реши да се врати назад во татковината, и тоа во редовите на Хамарби.
Големиот гол-мајстор е слободен играч по одработениот договор со ЛА Галакси. За неговите услуги се интересираат повеќе европски клубови. Се најавуваше дека Ибракадабра ќе се врати во Милан, но според неговата најава Хамарби ќе биде неговиот избор.
Познавачите на Ибракадабра сепак оваа негова информација ја примаат со резерва, бидејќи не ја исклучуваат можноста ова да е уште еден „трик“ на шведскиот гол-мајстор. Тој и претходно знаел да си поигрува со изборот на новиот клуб, подгревајќи ги шпекулациите за следната дестинација во неговата кариера.

Треба да знаете
Последни објави