Search

Докиќ и Томовска меѓу добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски”  

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски”
согласно Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ”бр.52/06
,54/07,74/12, 99/18 и Сл. весник на РСМ бр. 98/19), и Правилникот за работа на Одборот, на  својата  седница, одржана на 30.10.2019  година донесе:

                                                          О Д Л У К А

за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски” во 2019 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната  дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија

 1.  Во областа на воспитанието и образованието наградата му се доделува на:

 – проф. д-р Агим Пољоска; албанолог           

     2. Во областа на културата и уметноста  наградата им се доделува на:

            – Димитар Башевски; писател

            – Весна Ѓиновска Илкова; оперски пеач

            – Виолета Томовска; естраден уметник

 3. Во областа на здравството  наградата му се доделува на:

          – проф. д-р Дејан Докиќ; пулмолог – алерголог

4Оваа Одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе се објави во  ,,Службен весник на РСМ” . Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември 2019 година (недела) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави