Search

Адетокунбо постигна 50 поени за Милвоки во победата над Јута

Тимот на Милвоки бакс стигна до 14.победа оваа сезона во НБА лигата, откако ја совлада Јута со 122:118. Играч на мечот беше Јанис Адетокунбо кој забележа дабл-дабл  ефект со 50 поени и 14 скокови. На спротивната страна најдобар поединец беше Хрватот Бојан Богдановиќ со 24 коша, три скока и четири асистенции.

„Кралот“ ЛеБрон Џејмс повторно ги водеше „езерџиите“ кон нова победа, на гостински терен триумфираа кај Спарси со 104:114. За Лос Анџелес Лејкерс ова беше 15. победа оваа сезона и има досега само два порази, додека Сан Антонио го запиша дури 12. пораз во НБА лигата.Гостите од Лос Анџелес до триумфот дојдоа најмногу благодарение на одличниот ЛеБрон Џејмс кој мечот го заврши со 33 поени, 14 асистенции и три скокови.

Резултати на другите натпревари одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник:
Кливленд – Бруклин 106:108
Детроит – Орландо 103:88
Индијана – Мемфис 126:114
Атланта – Минесота 113:125
Бостон – Сакраменто 103:102
Мајами – Шарлот 117:100
Торонто – Филаделфија 101:96
Чикаго – Портланд 94:117
Сан Антонио – ЛА лејкерс 104:114
Голден стејт – Оклахома 97:100.

Пласман во Западната конференција: ЛА лејкерс 15-2 (победи-порази), Денвер 12-3, ЛА клиперс 12-5, Далас 11-5,…

Во Источната конференција води Милвоки со 14-3, пред Торонто, Мајами и Бостон кои имаат 12-4,…

Треба да знаете
Последни објави