Search

Свештеници во Аргентина за сексуално злоставување добија казни од 42 и 45 години затвор

Аргентински суд денеска осуди двајца свештеници за сексуално злоставување глуви деца во католичко училиште.
Градскиот суд во Мендоза го осуди свештеникот Никола Корадио на 42 години затвор и свештеникот Хорасио Корбач на 45 години затвор за дела што се случиле во Институтот „Антонио Проволо” за глуви и деца со оштетен слух во северозападна Аргентина.
Коради е Италијанец кој има 83 години, а Корбачо Аргентинец, стар 59 години. Двајцата беа уапсени во 2016 година.
Судот, исто така, го осуди градинарот Арманд Гомез на 18 години затвор.
Нивните жртви се 10 поранешни ученици.

Треба да знаете
Последни објави