Search

Самоопределување: Вучиќ непожелна личност во Албанија

Центарот на движењето Самоопределување во Албанија соопшти дека претседателот на Србија Александар Вучиќ е непожелна личност во оваа земја, пренесува Коха. Според соопштението, најавениот мирен граѓански марш на 28. ноември ги вознемири поддржувачите на идејата за „Мал Шенген“.

Тој Центар наведува дека „неодамна претседателот на Србија Александар Вучиќ и се заканувал на оваа јавна активност“ и прашува зошто нему би му сметала мирољубива активност која бара, како што се наведува, меѓу останатото, од официјална Тирана примена на договорот кој го склопи со официјална Приштина.

-Вучиќ не може да се меша во внатрешните работи на Албанија и нема право да говори во името на Албанија и Албанците“, наведува Центарот и порачува дека „за Албанија и сите нејзини граѓани Косово е независно и суверено“, и додава дека со формулите како „Мал Шенген“ не може да се избегне признавањето на Косово.

-За Денот на знамето 28. ноември во Тирана маршираме кон споменикот на Адем Јашари да ги објасниме ставовите за понатамошна национална интеграција која води кон обединување, порачуваат од Самоопределување во Тирана.

Треба да знаете
Последни објави