Search

Најмалку шест загинати во поплавите во Франција, Италија и Грција

Најмалку шест лица загинаа во поплави што се случија во делови од брегот на Франција и Италија и делови од западна Грција. Некои патишта на францускиот Азурен Брег и денеска беа затворени, додека нивото на реките во Италија продолжува да расте по поплавите за време на викендот.
Во Франција загинаа четири лица. Двојка на возраст од 70 години настрада кога водата го однесе нивниот автомобил. Едно лице загина кога француски спасувачки брод потона во Средоземното Море, а уште едно било пронајдено мртво во автомобилот.
Во Грција синоќа беа пронајдени две тела на мажи за кои се верува дека се туристи. Тие биле во едрилица кога надошла бурата. Италијанските спасувачи трагаат по евентални жртви по рушењето на дел од мост во близина на Савона. Рушењето на мостот го предизвика свлечиште, а возачите кои се беа затекнале на местото успеале да ги сопрат возилата на време. Засега нема извештаи дека сведоци виделе автомобили кои паднале во бездната, но потрагата продолжува поради претпазливост. Додека нивото на реките во Италија продолжува да расте, во Франција се намалува, но голем број лица се евакуирани и понатаму не можат да се вратат во своите домови.
Во Грција се поплавени стотина куќи по бурата која зафати област западно од Атина.
Обилните дождови и свлечишта доведоа до затворање на дел од патиштата во Грција.

Треба да знаете
Последни објави