Search

Мајко го повика Мета партиите да ги свика на лидерска средба, а не да одржува митинзи

Албанските владејачки социјалисти го нарекуваат чин без преседан повикот на претседателот Илир Мета за одржување сенационален собир на 8 декември.

Министерот за дијаспора и поранешен премиер Пандели Мајко, рече дека претседателот треба да ги седне партиите на маса, а не да биде страна.

Го повикува шефот на државата да ги почитува неговите уставни овластувања и да најде решение за политичката криза присутна во земјата околу една година.

-Не е време за собири. Мислам дека Претседателот како претставник на симболот на националното единство, напишан во Уставот, треба да ги седне на лидерска средба политичките партии а не да биде страна. Јас не го разбирам концептот дека Претседателот треба да излезе низ Албанија за да одржува митингзи. Не знам за друг ваков преседан во некоја западна земја,оценува Мајко.

Албанскиот претседател Илир Мета најави дека на 8-ми декември ќе организира сенационален собир „со цел започнување дијалог со Албанија”, насочен кон „заштита на демократијата и Уставот”.

Треба да знаете
Последни објави