Search

Изложба „Африка во Македонија“ во Музеј на Северна Македонија

Во четврток, 28 ноември, со почеток во 20 часот во Музејот на Република Северна Македонија ќе биде отворена изложбата „Африка во Македонија“.

Во рамки на изложбата ќе бидат презентирани повеќе археолошки, етнолошки и уметнички експонати, како и архивски материјали што ги истакнуваат културните, историските, религиските и политичките врски помеѓу овие навидум далечни простори.

Автори на изложбата се доц. д-р Гоце Наумов и проф. д-р Никос Чаусидис. Таа се реализира во соработка помеѓу Музеј на Република Северна Македонија и Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија, Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, Музеј на град Скопје, Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола и Национална установа Стоби.

На изложбата исто така ќе бидат претставени повеќе африкански ракотворби и фотографии од личните колекции на Мирослав Масин, Роберт Смилески, Јасмина Никуљска, Петар Јовановски, Кристина Бицева, Билјана Јурукоски, Филип Кондовски и Скопскиот џез фестивал.

Треба да знаете
Последни објави